Трет традиционален турнир во улична кошарка „Street Basket AK 2K17“

Во духот на спортот, а за подршка и мотивација на младите талентирани стреет баскет кошаркари, и оваа година традиционално по третти пат ќе се одржи турнир во стреет баскет во населба Автокоманда, организиран од невладината организација „Младите За“ и под покровителство на Општина Гази Баба.

Турнирот ќе се одржи на 1. јули со почеток од 10 часот на игралиштето во населба Автокоманда (спроти КАМ МАРКЕТ).

Право на учество имаат сите заинтересирани лица на возраст од 16 до 33 години, а екипите треба да се составени од 4 играчи, односно 3+1. Сите заинтересирани учесници може да се пријават на тел.077 682 445 најдоцна до 29.06.2017 година.

Поддржувачи на овој интересен настан кој го гради и развива спортскиот дух кај младите се: Град Скопје, Општина Гази Баба, РСБСП, HealthAlt, LePetitCafe, Градска Кафеана „Калабалак“, Енерџи Дринк Експлизив, FidGym, Боними и Скопско Овчо Сирење. Скопје Инфо е медиумски поддржувач на настанот.