Трчањето го подобрува мозокот и ни помага да се ослободиме од негативните последици од стресот

Трчањето е лек за подобро паметење, фокус и концентрација, тврдат научниците. Со оваа физичка активност му помага на мозокот да остане фокусиран, но и го штитите делот од него кој е задолжен за учење и паметење на информациите.

Охрабрувачки е да се знае дека со трчањето значително се намалуваат негативните ефекти од стресот. Според многу експерти, трчањето е одличен начин за унапредување на способноста за учење, со намаулување на стресот. Не можеме да го контролираме нивото на стрес во нашиот живот, но можеме да одлучиме да се бориме против негативните влијанија кои тој ги предизвикува.

Ова е резултат од едно неодамнешно истражување спроведено во Велија Британија, каде стаорци биле поделени во 4 групи: мирување без стрес, вежбање без стрес, вежбање со стрес и мирување со стрес. Така, стаорците биле изложени на стресни ситуации како што се пливање во студена вода или одење на коса платформа, па потоа биле ставани на точак за да трчаат. На крајот, заклучоците од истражувањето биле базирани на тоа како ваквите ситуации влијаеле на стаорците.

Истражувањето покажало дека вежбањето на ефикасен начин ги штити механизмите за учење и паметење и покрај негативните когнитивни влијанија на нашиот мозок.