Денеска ја потпишав изјавата со која се обврзувам за заштита на воздухот во Скопје, на барање на поголем број на здруженија.

Јас како градоначалник сум единствениот во Македонија кој што сам постави мерен инструмент во 2011 година и го отворив прашањето за каков воздух дишеме, напиша кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски на својот Фејсбук профил.

-Во мојата програма предвидувам многу проекти со кои директно ќе влијаеме на состојбата на воздухот, како што се ново паркови и зеленило, електрични автобуси за ЈСП, субвенции за нови возила за приватните превозници и електрични такси-возила, субвенции за проширување на топловодната мрежа за греење на домовите и печки на пелети, субвенции за 10000 велосипеди за граѓаните и велосипедска инфраструктура… Секогаш работа, секогаш Скопје, секогаш Македонија.