Трагична смрт во Козле, едно лице загинало во опожарена барака

Во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Кнез Трпимир“, Козле, настанал пожар при што била опожарена барака, сопственост на К.Б.(71) од Скопје. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје.

При интервенцијата било пронајдено тело на едно лице.

Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а телото е предадено за обдукција.