Торта со три вида чоколадо (без печење)

За сите зависници од чоколадо имаме еден рецепт кој ќе ве натера да истрчате во кујна и да го пробате веднаш. 

Потребни состојки:

600ml слатка павлака

150g темно чоколадо

200g бело чоколадо

200g млечна чоколадо

1 шолја дробени бисквити

3 лажички путер

Подготовка:

Растопете го темното чоколадо и во неа додадете 200ml слатка павлака. Оставете ја фрижидер околу 1 час за да се зацврсти смесата.

Во друга тава растопете го белото чоколадо со 200ml слатка павлака и неа ставете ја фрижидер.

Постапката повторете ја и со млечното чоколадо.

Во меѓувреме додека чекате да се зацврстат чоколадите, во тава припремете ја подлогата за тортата. Измешајте ги путерот и бисквитите и убаво пополнете ја целата површина на тавата. Откако ќе завршите со приготвувањето на подлогата, наредете го секој фил посебно.

По желба можете да додадете и шлаг и чоколадни трошки или некое овошје.