Толку малку е потребно за љубов, а сепак станавме луѓе кои ништо не ги допира

Во изминативе неколку месеци сфатив дека овој свет е претворен во свет на грубите.
Се туркаме едни со други.
Се гордееме со својата бесчувствителност како да е најблескавиот медал.
Со гордост истакнуваме дека не чувствуваме ништо.
Не се допираме и не се прегрнуваме.
Не умееме да се љубиме.
Станавме луѓе кои сѐ прават без обврски.
Врски без обврски.
Секс без обврски.
Другарство без обврски.
А толку малку е потребно за љубов. Една прегратка, еден бакнеж. Едно „Извини“ и „Како си“. Еден цвет. Чоколадо. Изјави од типот: „Облечи чорапи“, „Јади нешто“, „Ти направив колач“, „Тешко ми е, дојди“. Честитка за роденден.
Светот без чувства е многу сив и тажен. Тажно е под маската и желбата да бидеш „кул“ да ги туркаш сите од себеси. Тажно е кога мислиш дека никој не ти треба, а некој можеби стои кај тебе пред врата.
Ништо не нѐ допира. Ни неправда, ни болест, ни напуштено куче, ни старицата која нема никој.
Подготвени сме да шутнеме сѐ. Да замижиме. Затоа што туѓите проблеми не се кул. Тие замараат и оптоваруваат. Заборавивме како се сака. Ја убиваме нежноста. Ја сметаме за слабост.
Јас не умеам да не сакам. Се врзувам за плишани мечиња, за книгите кои ги читам. Плачам кога гледам тажни филмови. Имаше денови кога мислев дека морам да го спасам цел свет и да ги развеселам сите оние кои ми се драги. А не можев.
Колку пати само една прегратка ми го разубавувала денот. Толку пат баш тоа ти требало да се скршиш и да исфрлиш сѐ од себе. Како некој ѕид што те штити од остатокот од светот.
Светот понекогаш е суров. Светот понекогаш е груб и ладен. Важно е покрај себе да имаш раце кои секогаш се тука. Да имаш некој кој те разбира и не те осудува. Некој кој е подготвен да те сослуша иако можеби ги раскажуваш по 100 пати. Некој твој.
Свет без љубов е празен. Тажен. Сив.