Токсично синоќа во Ново Лисиче, измерено загадување над 400

За жал за жителите на Аеродром, веќе стануваат секојдневие екстремно високите вредности на загадување кои се забележани во оваа општина. Така синоќа во Ново Лисиче, кај автобуската постојка поранешна последна 5-ка, било измерено присутство од 432 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен и 409 микрограми ПМ 2,5 честички на м3.

- Невидена катастрофа вечерва во Ново Лисиче на последна 5-ка. Дали има власт во оваа земја, има ли некој што мисли на овој народ, коментираат граѓаните на социјалните мрежи секојднено соочени со истиот проблем кој директно влијае на нивното здравје.