Тој не е само мој дечко, тој е мојата карпа, мојата друга половина, мојата среќа

Од денот кога те сретнав, јас видов нешто во тебе. Имаше нешто во тебе што правеше да посакам да те запознаам подобро. И го направив тоа.

И најдобриот дел е тоа што колку повеќе те запознавам, толку повеќе стануваш мојата друга половина, мојот партнер, мое се. Затоа што едноставно си одговараме.

Дали е тоа поради тоа што имаме многу заеднички работи? Или поради тоа што всушност многу сме различни? Поим немам, но знам дека никогаш не би била толку среќна со друг дечко. Со тебе искусив и убави и не толку убави моменти. Сето тоа заедно направи да те сакам уште повеќе. Кога се заљубив во тебе, се заљубив во секоја можна работа во врска со тебе.

Од начинот на којшто се смееш кога ти кажувам дека те сакам, до начинот на којшто изгледаш кога ќе се разбудиш наутро, па и до начинот на кој го бакнуваш моето чело, сетоа тоа предизвикува морници кај мене.

Ти си дете во душата кое има зрел карактер со цели и страсти во животот. И ти си толку брутално искрен со мене, не би ни можела некогаш да те обвинам дека ме лажеш, затоа што мислам дека не си способен воопшто да лажеш.

Ти правиш да се чувствувам безбедно и удобно и првпат во животот не се плашам.

Можам да бидам она што сум со тебе, без да се плашам дека ќе ми судиш или дека ќе престанеш да ме сакаш. Ти ме направи подобра личност и толку сум благодарна што те имам во животот. Благодарна сум што си ми дечко и најдобар другар во исто време.

Ти беше покрај мене и во тешките времиња, кога не ја заслужував твојата љубов, времиња кога бев на дното... и никогаш не престана да ме третираш како принцеза. Ти си ми инспирација и мотивација. Ти секој ден ме мотивираш да бидам најдобрата верзија на себеси, затоа што уживам да те правам среќен.

Ти ме предизвикуваш и ме туркаш до моите граници за да успеам во се што сакам и тоа многу ми значи. Ти си мојата карпа, мојата среќа, моето се.

Се молам никогаш да не те изгубам и ќе направам се што можам за да продолжиш да се смееш. Се колнам дека секогаш ќе бидам твое рамо за плачење, твојата карпа за потпирање и секогаш ќе имам марамче за да ти ги избришам солзите.

Ако некогаш се чувствуваш слаб, јас ќе бидам твојата сила. И секогаш ќе те сакам, дури и кога нема да се сакаш себеси. Без оглед на тоа каде ќе нѐ однесе животот, моето срце секогаш ќе биде врзано за тебе.

Во случај да си заборавил, само знај дека ти си мојот човек и ништо на светот не може да го промени тоа.