Знаеш, имаше живот и пред него. Всушност, имаше прекрасен живот пред него.

Затоа, сети се на животот кој го имаше пред тој да влезе во твојот живот. Сети се на светот кој сјаеше толку силно, пред тој да ги украде твоите бакнежи.

И сети се која беше ти пред тој да остави ураган во секој дел од твоето срце.

Беше нешто пред него. Не беше која било.

Беше огномен, врамена Пикасова слика, тело составено од магија и ѕвездена прашина.

Не си глупава, ниту пак наивна. Беше јака, незапирлива, неуништлива.

Пред тој да влезе во твојот живот ти беше незапирлива бура. Ти си некоја сила на природата која не може да биде скршена. И беше прекрасна, зарем не?

Се сеќаваш ли на себеси? Се сеќаваш ли која беше порано?

Знам дека тој однесе дел од твојата светлина. Знам дека посегна во твојата душа и ги зема ќибритчињата за твојот оган.

Го зема и твојот ветер кој секогаш те тераше напред, твојата заслепувачка насмевка и зема со себе делови од твоето срце, а никогаш не му дозволи да ги земе.

Но, те молам верувај дека можеш да го вратиш сето тоа.

Не ти зема баш се. Повторно можеш да го вратиш својот оган. Можеш да ја вратиш својата насмевка. Има многу работи кои тој не успеа да ги зема, а верувај ми дека се обидел.

Тој се обиде да дојде и да ја преземе целата сила во тебе за да ја задржи за себе.
Знај дека си пресилна за да ти го одземе кислородот. Ти си сега посилно од кога било.

Затоа што сега, во моментов, ти преживуваш. Жива си. Дишеш и сѐ тоа без него.

Знам дека имаш рани и гребаници за кои ќе биде потребно време за да се залечат.
Знам дека понекогаш дишењето ти е тешко кога ќе помислиш на него.

Но, твоето срце повторно ќе засјае, твојата душа повторно ќе почне да пее.

Ти ветувам дека се ќе биде во ред. Само верувај во тоа.

Затоа што иако одзема делови од тебе, делови поради кои си посакала да се откажеш од се, тоа што тој не го сфати и никогаш нема да го сфати е тоа колку си ти силна и колку посилна ќе бидеш.

Затоа што ти ја имаш твојата магија која тој никогаш нема да ја има.

Тој го одзема твојот оган, но драга, тој никогаш нема да може да го однесе твоето цело светло.

Не престанувај да сјаеш. Не престанувај да го осветлуваш светот.

Во себе ја имаш целата љубов која ти е потребна.