ТОА Е ЉУБОВ: Романтична преписка на две стебла во Карпош 4 (фото)

Те сакам, со целото срце и ти си пеперутка. Оваа порака, рачно нацртана и напишана вчера е закачена на дрво во скопската населба Карпош 4, кај зградата хармоника. Оставена е вчера и сеуште стои.

Сите жители кои живеат во близина на ова дрво, застануваат да прочитаат и видат и со насмевка го коментираат херојскиот гест.

- Не знаеме кој ја оставил и за кого, но пеперутката веројатно значи дека ја поставило заљубено момче кое ја сака непознатата девојка со цело срце и смета дека е нежна како пеперутка, анализираат среќните соседи.

Има и поинакви мислења, некои соседи со кои разговаравме сметаат дека може да станува збор за девојче - нежно како пеперутка - кое е заљубено во непознато момче од соседството,

Оваа порка денеска доби одговор. Рачно нацртана и напишана на англиски јазик: "Добро утро. Ми недостасуваш".

Оваа симпатична и романтична преписка е закачена на две стебла од дрворедот кај зградата хармоника, предизвика големо внимание.

Сите жители кои живеат во близина на ова дрво, застануваат да прочитаат и видат и со насмевка коментираат.

- Не знаеме кој ја оставил и за кого, но пеперутката веројатно значи дека ја поставило заљубено момче кое ја сака непознатата девојка со цело срце и смета дека е нежна како пеперутка, ја анализираа соседите првата порака.

Тие беа одушевени и за експресниот одговор на девојката. "Ова мора да е голема љубов. Којзнае, можеби утре ќе се случи запросување", коментираат соседите.

Има и поинакви мислења, некои соседи со кои разговаравме сметаат дека може да станува збор за девојче - нежно како пеперутка - кое е заљубено во непознато момче од соседството,

- Само нека се сакаат и дај Боже да има вакви убави работи што повеќе, сложни се жителите од Карпош 4.

Фото: Вечер