Типична македонска свадба – обичаи кои и денеска се применуваат, но дали им го знаеме значењето

Ние Македонците сме познати по посебни обичаи. Имам обичај за се и сешто. Обичај за свадба, за веридба, за кршевка, за слава... Обичаите поттекнуваат од минатото, а се пренесуваат од конелно на колено. Некои се одамна искоренети, но некои се применуваат и денеска.

Се вели дека во секоја куќа има посебен обичај, а не пак од место до место.

Свадбените обичаи се прават со цел да се заштитат младите, да имаат среќа и љубов во бракот, да имаат многу дечиња, сето тоа зачинете со слога и почитивање.

Секој крај во Македонија си има посебни обичаи, но ние ги издвојуваме оние, кои се најчести:

  • Веселбата започнува во последниот четврток, пред свадбата. Тогаш во домовите на младите се месат блага погачи. Погачата ја месо младо девојче кое не е мажено и кое ги има живи и двата родитела. Тогаш се закачуваат венчињата на врата и се украсува домот. Венчето стои на вратат една година, означивајќи дека тука имало свадбена веселба.
  • На денот на свадбата и кај двете страни се собираат гости. Кај младоженецот доаѓаат кумот и старосватот. Се играат ора во домот. Потоа сватовите тргаат по невестата.
  • Од кај невестата ги пречекуваат пред врата. Им закачуваат китенки, за кои оставаат парички.
  • Повозрасните влегуваат во една соба, а помладите, заедно со младоженецот и деверот одат кај невестата. Пред собата на невестата обично стојат машки, нејзини блиски, кои бараат нешто за да им ја дадат. Младоженецот ги дарува.
  • Влегуваат кај невестата. Деверицата, женско немажено од страна на невестата, му врзува машна на деверот, а и тој ја дарува за возврат.
  • Деверот  и облекува чевли на невестата во кои става парички, а таа е должна да го дарува. Невестата ги дарува и младоженецот, кумот, старосватот и свекорот и свекрвата.
  • Бабата, мајката на невестата го дарува младоженецот со златник
  • За среќа да имаат младите, врз главата на невестата, деверот и деверицата кршат погача, која ја носи деверот.
  • Во другата соба, сватовите кршат погача, која ја носи свекрвата, со цел за осватување.
  • Невестата влегува во собата кај повозрасните. Се поздравува со сите и започнуваат песните и ората.
  • Откако сите ќе излезат надвор на крај излегува и невестата со нејзиниот брат, или ако нема брат со нејзиниот татко.
  • Таа го почнува првото оро.
  • Од туму се упатуваат во црква за венчавка. Рацете им се врзуваат со материјали, кои ги носат кумата и старосватицата. Колку пати ќе им бида врзани, толку дечиња ќе имаат.
  • Кога завршува венчавката, на излегување од црквата, свекрвата и бабата врз младите фрлаат бомбони, ситни парички.
  • Потоа се упатуваат во матично.
  • По одењето во ресторан, младите ги пречекуваат сите гости. Свадбата започнува со првиот танц. Невестата го почнува првото оро, а потоа оро за младоженецот, за кумот, за старосватот, за деверот, за свекорот и свекрвата и за бабата и дедото.
  • По вечерета, на ред е невестинкста торта и прасечкото месо од кумот.
  • Невестата тогаш го фрла бидермаерот. Го фаќаат само женските кои се немажени. Онаа која што ќе го фати ќе биде следната која ќе се мажи.

Дел од овие обичаи се прават и денеска, но дел и се изостануваат. Младите денеска прават свадби како што тие посакуваат, а не како што се правело во минатото.

Дел од овие обичаи немаат значење, или пак не го ни знаеме, но ги применуваме бидејќи така вели традицијата.