Тинејџерите беснеат, родителите не ги контролираат: Излегуваат од дома со нож и други опасни предмети

Уште еден вознемирувачки и за жал трагичен настан ги потресе деновиве скопјани, кога младо момче на возраст од 17 години беше до смрт избодено со нож, од една година повозрасно момче. 

За жал ова не е прв пример во Скопје. Што се случува со младите, ги контролира ли некој? Зошто од дома се излегува со нож? Прашуваат многу вознемирени родители, кои се плашат за безбедноста на своите деца. 

Тинејџерите беснеат. Во последниов период сведоци сме на повеќе настани, за физичка пресметка помеѓу група на млади лица.

-Момче кое се превезувало во автобус на ЈСП пред неколку минути било прободено со нож во Чаир.

-Момче на возраст од 17 години е убиено на Матка при тепачка која настана по расправија меѓу повеќе момчиња.

-Пред угостителски објект во близина на споменикот „Скендербег“ во Скопје, непознати лица со остар предмет му нанеле убодна рана во пределот на срцето на младо момче.

Речиси и да не поминува ден, каде некој е избоден од нож, при физичка пресметка.

Она што е зачудувачки е тоа што, речиси секој од тие настани, завршува со некоја убодна рана, дали со нож или пак некој друг опасен предмет.

Прашањето лежи тука: Зарем од дома излегуваат со нож, или го носат со себе, во секој случај некој да не ги нападне. Ги контролира ли некој малолетниците?

И во минатото, секогаш постоеле физички пресметки, особено помеѓу тинејџерите, но секоја пресметка завршувала со некој тупаница. Не се ваделе ножеви, или во некои случаи дури и пиштоли.

Стручните лица, особено реагираат на ваквите однесувања, а полицискиот билет од ден на ден се повеќе покажува дека бројката на ваквите напади се зголемува.

-Станува збор за малолетници, кои не размислуваат за последиците. Не размислуваат дали навистина од дома треба да излегуваат за таков предмет. Не размислуваат дека можат да направат сериозен проблем, дека можат некој сериозно да повредат, а потоа да се стават во неволја. Сепак ниту еден проблем не е толку голем, за да се решава со нож. И родителите, па дури и наставниците во училиштата треба да разговараат со своите деца. Родителите треба повеќе да ги контролираат, за да не дојде до несакани последици, вели психолог.