Тинејџери цел живот ќе бидат парализирани - сериозно се повредиле при скок во вода

Сакале да скокнат на глава, но завршиле на Клинички. Пет момчиња помлади од 15 години цело лето се на лекување на трауматологија, ортопедија и Карил. При скок во вода сериозно го повредиле вратниот ‘рбет. Директорот на клиниките вели дека пациентите настрадале во различни базени, но сите уште долго ќе бидат во болница и цел живот ќе бидат парализирани.

 -Децата и возрасните никако да не скокаат во плитки и непроверени води. Ако баш се инсистира на скок со глава тогаш треба да се скокне прво на нозе да се испита убаво теренот. Да видат дали е длабоко за да не дојде до некоја фатална повреда на ‘рбетниот мозок на вратниот ‘рбет. Уште еднаш ќе потенцирам: Не ме доведувајте во ситуација да неможам да ви помогнам, изјави д-р Илир Хасани, директор на Клиниките ТОАРИЛУЦ.

Пред 3 недели 35 годишен светиниколец почина откако скокнал во Охридското езеро кај Лагадин и со главата удрил во камен.