Тим Центар и Дејан Јовановски продолжуваат со силно темпо да ја бараат довербата од граѓаните на општината

Тим Центар и кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, Дејан Јовановски продолжуваат во силно темпо да ја бараат довербата од граѓаните, за нивниот како што велат проект за подобар Центар.

Јовановски кажа дека во следниот период Тимот Центар ќе започне да ја презентира и дели програмата која ја подготви за Општина Центар.

-Сакам да ве замолам за дел од вашето слободно време, во кое ќе можете да ги разгледате сите наши идеи, кои се содржат во оваа програма. Внатре има многу интересни и нови работи, има и невообичаени, меѓутоа реални и остварливи, кажа во видео поканата до центарци, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Јовановски.

Тој потенцираше дека ќе бидат многу благодарни, ако граѓаните одвојат време и ги разгледаат сите оние работи, за кои вложивме труд.

-Чест ми е што имам можност да го побарам вашиот глас за градоначалник на Општина Центар, се гледаме наоколу, им порача Јовановски на центарци.