Tибетантски хороскоп

Од почетокот на цивилизацијата, луѓето сакале што повеќе да дознаат што носи утрешниот ден и иднината. Како нз ѕвездите гледаа старите мудри Тибетанци?  Тибетанците го набљудувале светот околу себе, ги бележеле промените и се обидувале да предвидат многу нешта.

21.03-20.04 Овен

Реинкарнација

Во животниот циклус, тоа значи минат живот. Родените во овој знак се херојски змејови кои се борат против внатрешните демони и надворешните искушенија. Тие поседуваат енергија и агресивност, а бегаат од монотонија и размислување. За нив е потребно да работат во општествени занимања низ кои можат да се подобрат себеси и да ја модифицираат својата егоцентричност.

Карма: Треба да се живее во сегашноста, да се согледа внатрешниот живот, да се медитира, да се пронајде радост и да се поднесе животот и кога не е розов. На неуспесите треба да се гледа како на лекција.

21.04-20.05 Бик

Создавање на духот

Родените во овој знак се карактеризираат со раст и сфаќање на мудроста. Тие се заштитени од Венера, земјината љубов, мајката на уметноста и убавината. Тие создаваат сигурност бидејќи имаат искуство од претходните животи, но создавањето на духот придвижува контактирање со внатрешниот живот.

Карма: Акцијата не заивис од работата туку од психата. Огнената природа ја крие несигурноста. Биковите не ги мотивира сигурноста, туку сомнежност. Конзервативизамот може да се победи со контролирање на своите емоции. Само така може да се пронајде внатрешна сигурност.

21.05-21.06 Близнаци

Психичка и духовна еволуција

Родените во овој знак се карактеризираат со голема љубопитност и интелигенција, дуализам, духовна еволутивна свест и познавање на непостојаноста. Тие се друштвени, модерни, пријатни, подготвени и љубопитни. Имаат добра меморија, но ништо не завршуваат до крај. Иако чувствуваат потреба да се развијат духовно, никогаш нема да најдат мир.

Карма: Нестабилни се, осцилираат во расположението. Ако во остварувањето на големите цели останат реални, моќта ќе ја совладаат со контрадикторност. За да се смират треба да медитираат. Потребно е да се поодлучни, бидејќи така ќе дојдат поблиску до решение на проблемите.

22.06-22.07 Рак

Раѓање на човекот

Родените во овој знак го претставуваат знаењето, инкарнацијата на духот и физичкиот свет. Тие се симбол на телото, чувствата и мајчинството. За да се заштитат, себеси се држат во зарворена кутија. Во семејството наоѓаат духовна вредност, но по трпелива медитација можат повеќе да се отворат кон светот. Раковите сакаат да го продолжат детството, постојано бараат внимание, верност и постојано докажување на љубовта.

Карма: Тие се посесивни, сакаат да бидат центар на вниманието, премногу се авторитативни и со постојан страв дека лесно ќе ги изгубат луѓето кои ги сакаат.

23.07-23.08 Лав

Универзална свест

Тие претставуваат синтеза меѓу свеста и реалноста. Човекот е срце, микрокосмос. Лавот е постојано присутен во материјалниот свет, сака успех и сака постојано да се докажува дека е лидер. Успева кога ќе ја победи зависта, потребата постојано да му се восхитувуваат.

Тие се сензуални личности и големи гурмани.

Карма: Лавовите се чувствуваат како центар на светот. Ако не управуваат добро со енергијата, можат да го пореметат развојот на својата личност и да претераат во егоизмот. И најсигурниот Лав може да го изгуби здравиот разум. Кога тоа ќе се случи, треба да застане, да слуша и да учи од другите. Лавот треба да им служи на другите, само така ќе постигне кохезија на стварноста и свеста.

24.08-22.09 Девица

Материја, работа и физички свет

Тие би сакале да се вратат во своето детство. Постојано бараат рамнотежа меѓу умот и духот. Имаат силен однос со материјалните нешта. Со годините развиваат многу критички дух  и никогаш не се задоволни од ништо. Често доцнат. Нивната најголема неволја лежи во претераната потреба за одмазда, бидејќи се големи злопамтила. Во анализите, тие се многу непристрасни и објективни.

Карма: Ако сакаат да созреат духовно, треба да престанат да се занимаваат со себе и да почнат да се грижат за другите. Треба да се отворат кон големите идеали на човештвото.

Продолжува на следната страна...

22.09-22.10 Вага

Огромна експанзија на чувства

Вагите бараат рамнотежа во сите области на делување. Тие секогаш мораат да донесат одлука меѓу согласувањето и несогласувањето. Имаат мирен темперамент, и активна среќна комбинација на социјален живот, без претерување. Треба да пронајдат универзално знаење.

Карма: Ова е најнестабилниот знак, чија чувствителност е голема. Може да достигне голем успех, но така ќе го наруши балансот кон кој постојано тежнее.

23.10-22.11 Шкорпија

Желба за вечен живот

Родените во вој знак претставуваат постојан конфликт меѓу духот и материјата. Тие се привлечни личности кои постојано мораат да се освојуваат. Имаат силна желба за живот, но кај нив присутни се и себичност, сензуалност, посесивност. Сакаат да уживаат во земните задоволства, а нив ги привлекуваат и духовни висини. Можат да се изгубат во неконтролирани љубовни импулси. Можете да ги уништите со критика, се плашат од смртаа. Негативната Шкорпија се уништува самата себеси.

Карма: Научете да штедите енергија, не претерувајте и најдете малку ентузијазам во себе. Вистинската цел во животот е логичниот разум. Научете да ја контролирате деконструктивната сила во себе.

23.11-21.12 Стрелец

Етапа на созревање

Родените во овој знак се карактеризираат со постојана желба за победа меѓу духот и материјата. Тие се задоволни од животот. Кога одлучат да престанат да ја делат правдата на светот ќе добијат сила да станат протагонисти на боженствениот закон, можат да живеат меѓу луѓето и да еволуираат одвнатре. Им се заканува враќање наназад.

Карма: Не треба да знаете се по секоја цена и да не губите енергија на сите нешта. Внатрешниот мир се постигнува со смиреност и алтруизам. Стрелецот не е обичен знак и не треба да се троши онаму кадешто тоа нее  потребно.

22.12 – 20.01 Јарец

Познавање на супериорното знаење

Успехот доаѓа преку искушенијата. Сиромашниот човек го поседува клучот за познавање на храниците на духовноста. Само тој го знае патот, работата во тишина и да живее во самотија. За да се развие, треба да контактира со луѓето.

Карма: Сака да се наметне и понекогаш е циничен кон другите. Енергијата треба да ја насочи во висина, според спиритуалното сознание.

21.01-19.02 Свет за изборот

Водолија

Родени се кон другите, ја преземаат одговорноста на себе, одговараат за своите постапки, тие се многу зрели личности. Немаат илузии и не ги затвораат очите пред стварноста. Управуваат сами со својата карма, екстровертни се и вистински пријатели. Во Водолијата се обединети сите енергии: дуалност и внатрешен конфликт. Тие се големи иницијатори и се наклонети кон другите луѓе.

Карма: Водолиите имаат огромно богатство на љубов, но постојано живеат во страв дека сите ќе ги напуштат и издадат, дури и најдобрите пријатели. Повеќето Водолии не можат да бидат сфатени.

20.02-20.03 Враќање кон светлото

Риби

Родените во овој знак ја претставуваат синтезата на повторното раѓање. Рибите се деца на морето и живеат во океанот. Сами се, но и соединети со Вселената. Никогаш не ја губат својата личност.

Карма:  Треба да се опуштат за да стигнат на врвот на брановите. Долгиот пат кој почнува со тешкотии, па Рибите секогаш сакаат да ја изберат најлесниот