Ти благодарам што поради тебе јас сум жената која сум денес

Ти благодарам. Ти благодарам што ме научи која е разликата помеѓу правилното и погрешното. Ти благодарам што ми покажа што значи да бидеш отфрлен. Ти благодарам што ме научи што е суровост. Ти благодарам што ме научи што е скршено срце.

Ти благодарам што ми се дереше. Ти благодарам за сите грди зборови. Ти благодарам што ме принуди да бидам силна. Ти благодарам што ми покажа што не заслужувам. Ти благодарам за сите ноќи во кои плачев поради тебе. Ти благодарам за сите грешки кои ги направив додека се обидував да те сакам. За лекциите кои ги научив. 

Ти благодарам што ми покажа дека простувањето не е секогаш решение. Ти благодарам што ме исмеваше затоа што се грижев за тебе. Ти благодарам што не ме почитуваше, што никогаш не ги ценеше работите кои ги правев за тебе. Благодарение на тебе, сега знам точно кога треба да ја прекинам врската. Благодарение на тебе, знам како е да бидеш предаден од човекот кој го сакаш.

Ти благодарам што ми покажа што не сакам. Ти благодарам што беше себичен. Ти благодарам што ми помогнам да сфатам што заслужувам. Ти благодарам што не се грижеше за мене. Што ме напушти. Што дозволи да почнам одново. 

Ти благодарам што не сум повеќе дел од оваа приказна. Ти благодарам за сите грозни работи кои ги кажуваше. За сите моменти кога се чувствував понижено и искористено. Ти благодарам што правеше да се чувствувам како да сум го допрела дното. Ти благодарам што ме натера да почнам одново. Ти благодарам што ме уништи и ти благодарам за болката.

Ти благодарам што поради тебе сум жената која сум! Поради тебе сум посилна, помудра и благодарение на тебе, никогаш повторно нема да паднам на тебе!