Ти благодарам што не ме љубеше онака како што сакав да ме љубиш!

Саманта Бун го отвори своето срце и реши да ја сподели својата љубовна приказна. Таа открила колку и помогнало сознанието дека мажот кој го љубела повеќе од се, не и ја возвраќа љубовта и што научила од една многу лоша врска. Во продолжение ви ја пренесуваме нејзината исповед.

Поминаа многу години откако ти кажав дека те сакам, а ти не ми го возврати тоа. Оттогаш сум многу подобро, ја поминав последната година градејќи го одново се она што ти го скрши откако излезе од мојот живот.

Моето внимание е насочено исклучиво кон градење и развивање на мојата најдобра верзија со цел никогаш повторно да не бидам скршена. Не би ни помислила на тебе да не видов слика од тебе и твојата нова девојка. Морам да признаам дека не ми беше сеедно. По почетното забрзано срцебиење, можев да пронајдам само два збора за тебе: Ти благодарам.

Ти благодарам што ме заобиколи. Денес гледам во својот живот и далеку сум од онаа девојка со скршено срце. Поминав толку многу време барајќи потврда од тебе, само за да потврдам дека имам вредност која ја мерев со твојата љубов.

Очајна, слаба, за греота – таа девојка повеќе не сум јас. Од оној момент кога сфатив дека моето мислење за мене зависи од тоа што ти го чувствуваш кон мене, знаев дека морам длабоко да се загледам во огледалото и да пронајдам начин да се сакам повторно.

Ја обновив мојата смисла за светот и за мене во него. Направив работи кои не би ги направила ако останев со тебе и се ослободив од ограничувањата кои се создадоа при моите обиди да те задоволам.  Сега се задоволувам само самата себе.

Ти благодарам што не ми дозволи да ја трошам мојата енергија и моето време подолго отколку што требаше – тоа време и енергија ги потрошив на самата себе. Ако ме сакаше, немаше да станам личноста којашто сум денес. Го наполнив своето срце и мојот капацитет за љубов...

Кога следниот маж ќе се појави, нема да биде исто. Своето срце ќе му го дадам само на човек кој е вреден за тоа. Некој кој нема да им врти грб на своите чувства и кој ќе биде доволно човек за да преземе одговорност за своите постапки. Сега знам како сакам, а како не сакам да бидам третирана во врската. Сега знам што е, а што не е прифатливо во еден однос. Знам кои се моите граници.

Ти благодарам што ми помогна да ги поставам тие граници. Со тебе тие не постоеја и ти го искористуваше тоа.

Фала ти што не направи отпорна. Морав да се носам со сите твои двосмислени пораки и потези и на крајот завршив емотивно уништена. Ме држеше до себе под твои услови, затоа што така ти беше полесно, а јас бев слаба.

Дозволив да станам роб на секој твој збор и секое твое дело. Тоа што тогаш ме уништуваше, сега не би ме уништило. Изгледа дека моето срце се промени. Моето срце е отпорно и повеќе не би си дозволила да ме исплашат празните зборови на дечко како тебе.

Не бев исполнета, ниту цела. Барав некој кој ќе ги пополни моите празнини, а ти беше совршено деструктивен  дел од сложувалката. Благодарејќи на тебе, сега сум исполнета и цела. Добив прилика да се фокусирам на градење на своите цели во мојата кариера, на моето умствено, емотивно и физичко здравје и на задоволството од сама себе.

Со насмевка можам да кажам дека сум среќна. Повеќе не барам исполнување, тоа е тука само привремено. Гледам дека сега си среќен. Се надевам дека те усреќува на начини на кои јас не можев. Повеќе од кога ми е јасно дека никогаш не ни беше судено.

Ти благодарам што ме потсети на тоа.