Ти благодарам што ми го скрши срцето, поради тебе денес сум силна жена!

Ти благодарам. Ти благодарам што ме научи да разликувам што е правилно, а што погрешно. Ти благодарам што ми покажа што значи да се биде отфрлен. Ти благодарам што ме научи што е суровост.

Ти благодарам што ме научи што е скршено срце. Ти благодарам што ми се дереше. Ти благодарам за сите грди зборови. Ти благодарам што ме присили да бидам посилна. Ти благодарам што ми покажа што не заслужувам. Ти благодарам за сите ноќи во кои плачев поради тебе. Ти благодарам за сите грешки кои ги правев додека се обидував да те сакам. За лекциите кои ги научив од нив.

Ти благодарам што ми покажа дека простувањето не е секогаш решение. Ти благодарам што ме исмејуваше, затоа што се грижев за тебе. Ти благодарам што не ме почитуваше. Што никогаш не го ценеше она што го правев за тебе. Благодарејќи на тебе, сега знам кога треба да ја прекинам врската. Благодарејќи на тебе знам како е кога некој ќе те предаде.

Ти благодарам што ми покажа што не сакам. Ти благодарам што беше себичен. Ти благодарам што сфатив што заслужувам. Ти благодарам што не ти беше грижа. Ти благодарам што ме остави и што ме пушти да почнам од почеток.

Ти благодарам што повеќе не сум дел од оваа приказна. Ти благодарам за сите лоши работи што ги зборуваше. За сите моменти кога се чувствував понижено и искористено. Ти благодарам што направи да се чувствувам како да сум допрела дното. Ти благодарам што ме натера да почнам од почеток. Ти благодарам за болката и уништувањето.

Ти благодарам што поради тебе сум жената која сум денес. Благодарение на тебе сум посилна. Благодарение на тебе сум помудра. И благодарение на тебе, повеќе никогаш нема да паднам на тебе.