Thievery Corporation доаѓаат во Скопје

Еден од највозбудливите и најквалитетни бендови од светската концертна индустрија, Thievery Corporation доаѓа во Скопје, како специјално отворање на фестивалот Skopje Calling 2017.

Концертот ќе биде на отворено и ќе се одржи 20-ти јуни на Скопското Кале, со почеток од 21 часот.

„Thievery Corporation во Скопје доаѓаат во комплетен состав, со над 20 музичари на сцена. Скопје може да очекува вистински спектакл!“, велат во „Авалон“.