Тешките моменти ни помагаат да се откриеме себеси, но и вистинските пријатели

Животот е составен и од убави, но и тешки и болни моменти. Се проаѓа, се минува, но во овие моменти учиме многу за себе, но и за нашите пријатели.

1. Учиме дека понекогаш можеме да се обидеме да објасниме некому нешто, но луѓето ќе сфатат кога истото ќе им се случи ним.

2. На крајот, единствената личност која може да ти помогне си самиот ти.

3. Полесно е да не разговараш за некои работи, бидејќи потсвесно знаеш дека никој нема да те разбере.

4. Во тешките времиња, учиш на кому му е грижа за тебе, а кој глуми. Тогаш се познаваат вистинските пријатели.

5. Сфаќаш дека дури и оние кои ги нарекуваш најдобри пријатели, не те познаваат тебе, туку само дел од тебе. Те сакаат само тогаш кога си среќен, но не и кога си тажен.

6. Некои луѓе даваат помош и поддршка, а други ги зголемуваат проблемите. Бегајте од вторите.

7. Самиот си одговорен за својот живот. Што и да се случи, твоја е одговорноста.

8. Се прифаќаш себеси и наместо да очајуваш и се обвинуваш, правиш напори да го смениш тоа што е во твоја контрола.