Тешка сообраќајка се случи вечерва во центарот на Скопје (ФОТО)

Околу 22 и 10 се случи страшна сообраќајна несреќа на Партизанска карши Силбо, објави порталот Фактор.мк.

Очевидци зборуваат за огромен тресок. По судирот на две возила кои јуреле со огромна брзина едно од возилата заврши во зградата каде се наоѓа НЛБ Банка.

Во сообраќајната несреќа искршен е и  еден од билбордите.

Според информации на очевидци неколку луѓе се повредени, но за среќа нема жртви.