Технологијата не е лоша, но со нејзина помош ги заменивме вистинските пријателства со „квази онлајн“ комуникација

Во текот на минатата година, една програма позната под името Cal Newport вклучила 1600 учесници со обидот да им го смени животот.

Од луѓето било побарано да направат 30-дневна пауза од технологијата во нивниот живот. Целта била, освен ако тоа не придонесе да се разведат/раскината или бидат отпуштени, да кажат збогум на Фејсбук, Инстаграм  и Твитер за 1 месец.

На луѓето им било дозволено да проверат емаил во одредени делови од денот. Што се случило?

Никој од нив не се соочил со некој посебен проблем. Не само што сфатиле дека технологијата не им е толку важна, туку и утврдиле дека нивните животи се многу подобри без неа. Станале посреќни, попродуктивни. Поминувале поквалитетно време со своите деца. Еден од татковците дури и споменал дека му било многу чудно што не гледал во својот телефон кога го однел своето дете на игралиште.

Истражувањето покажало дека 70% од нашата среќа зависи од односите со другите луѓе. И покрај верувањето дека тешко е да се објасни што е тоа среќа, сепак истражувачите утврдиле неколку клучни фактори во среќниот живот. Примарните компоненти се поврзани со бројот на пријатели, блискоста со нив, како и со семејството, но и добрите односи со колегите и соседите.

Но, што е најважниот фактор кој ни одзема квалитетно време со другите луѓе. Телефонот. Интернетот. Замислените односи со луѓето на социјалните медиуми.

Имаме прочитано милион совети како да го намалиме времето поминато на технологиите, но тоа е како оние диети кога една недела се изгладнуваме, а потоа продолжуваме со исто темпо. Технологијата не е толку лоша, само мораме да научиме да најдеме баланс. Потребно ни е нешто повеќе од совети. Потребна ни е филозофија, етика, односо систем.

Зошто сме поврзани толку многу со технологијата и социјалните мрежи?

Тоа е поради стравот да не пропуштиме нешто. Но, мораме да знаеме дека тоа не одалечува од вистинските и квалитетни односи со луѓето и од оние нешта кои го прават животот убав. Луѓето пропуштаат многу реални разговори и односи, што е клучно за среќен живот. Никогаш не треба да мислиме дека можеме да ги замениме односите во реалноста преку технологијата. Тоа не е здраво.