Театар: “Не сега, драга“ – комедија со брз ритам

“Не сега, драга“ од Реј Куни, во режија на Коле Ангеловски, е претставата која публиката ќе може да ја види денеска (4 декември), со почеток од 20 часот, во Театар Комедија.

Претставата е комедија на забуни, смешни ситуации и интересни карактери, а дејството се одвива во хотел, за време на едно пролетно попладне. Приказната е за еден парламентарец од Куманово, кој доаѓа во Скопје на состанок во собранието, се сместува во хотел и има закажано љубовен состанок со секретарката на претседателот. Меѓутоа, со пратеникот доаѓа и неговата сопруга и тука почнува хаосот“…

Во претствата играат Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски -Тино, Ева Скендеровска, Дарко Вељиќ, Едмонд Сотир, Кристина Ласовска, Жарко Димоски и Тања Мицков.