„Те сакам принцезо моја“ - емотивна порака на автопатот Скопје - Велес

I love my princess“ или на Македонски јазик „Те сакам принцезо моја“ - порака со ваква содржина беше поставена на еден од надвозниците на автопатот од Скопје кон Велес. Фотографијата со ваква содржина беше објавена во фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“.

Фотографијата собра илјадници лајкови и десетина коментари. Дел од коментарите сметаат дека со оваа порака се честита шести роденден, а останатите сметаат дека станува збор за љубовна порака и годишнина од врска.

Одговорните возачи одат до таму што сметаат дека таа влијае и може да ја загрози безбедноста во сообраќајот.