Тажна приказна на Моника од Скопје ја слушна и поздрави целиот свет

Моника од Скопје е млада девојка за чија животна приказна деновиве дозна светската јавност. Нејзината сторија беше споделена на фејсбук страна The Atlas of Beauty која во моментов има повеќе од милион следбеници од целиот свет. 

Таа денес студира право, но сообраќајна незгода која ја доживеала додека била дете е причината денес да е во инвалидска количка. Возач под дејство на алкохол бил причината за сообраќајна несреќа, но тој никогаш не бил осуден или добил било каква казна за ова кривично дело.

Денес, по 15 години Моника сака своето образование и искуство да го посвети на превенирање вакви појави во општество.

Во објавата на фејсбук страна се заклучува дека младите луѓе како Моника може да го направат светот подобро место за живеење, а луѓето од целиот свет преку коментари даваат поддршка за остварување на нејзината животна цел и мисија.