Тамара Тодевска се огласи по скандалот

Пејачката Тамара Тодевска се огласи по скандалот.

Таа на синоќешната прослава на Дeнот на нeзaвиcностa на САД, 4 Јули, што се одржа во дворот на американската амбасадата во Скопје, пеејќи ја македонската химна, не го испеа, односно го изостави стихот „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“.

-Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка. Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД. Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната. Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната. Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите. Со почит, Тамара, напиша Тодевска на Фејсбук.

Настапот на Тамара погледнете го по втората минута од ова видео.