Тамара ги собра градските ликови на едно место

Забава до раните утрински часови или пак по долго време убаво дружење за градските ликови - вака на кратко може да се опише вчерашниот настап на Тамара Тодевска во ноќниот клуб „Станица 26“.

 Тамара Тодевска, поп-дама што во моментов ја живее најголемата популарност, никој не може да ја имитира. Беше и остана кралица на квалитетни ноќни клубски свирки во Скопје. И токму тоа го докажа вчера, по кој знае кој пат, уште еднаш.

Скопската публика имаше можност да ужива во песните до сега изворно отпеани од Тамара, но и во извонредните преработки на странските хитови кои звучеа феноменално. Почнувајќи од „Брод што тоне“, „Трофеј“, „1003“ па се до популарната „Sex on firе“. И секако “Тажна љубов, среќна песна“ без која не може да помине ниту една тага и ниту една жива свирка во главниот град.

На самиот старт Тамара ја поздрави публиката, а таа ја поддржуваше во текот на целата вечер. Во првите редови, речиси до бината забежливо беше присуството на фановите, обожавателите и пријателите на Тамара. А, помеѓу останатите градски ликови, таму беа Лила, Боки 13, Влатко Илиевски, Маја Поцевска и многу други.

Овациите, аплаузите, пеењето на глас на сите песни се доказ дека публиката уживаше, но и дека Тамара знае да направи атмосфера и да ги пренесе нотите на идеален начин за публиката. Сите задоволни конститиравме дека Тамара носи убава енергија во Скопје и треба почесто да ја гледаме и слушаме.