Таа не верува во љубов, затоа што нејзиното срце премногу често било искористувано!

Таа се чувствува скршено.

Во оваа непоправлива состојба, таа има чувство дека никогаш нема да доживее вистинска љубов.

После се што и се случи, таа го заклучи своето срце. Таа не е сигурна дали некогаш повторно ќе го отклучи за некого.

Таа толку пати беше искористена од луѓе на кои им веруваше.

Таа не знае ни како да си верува сама на себе.

Иако сите нејзини другари и другарки и велеа да бега, нејзиното срце реши да остане.

Таа не знае како повторно да му верува на нејзиното срце кога тоа дозволи да верува на луѓе кои не го заслужиле тоа.

Таа е исплашена од иднината, затоа што ризикот е преголем.

Таа сака да искуси љубов која е здрава и која цвета, но не верува дека тоа и е пишано.

Таа се труди да биде девојката којашто беше претходно, но не може да ги игнорира работите кои и се случија.

Да може само да продолжи да се обидува и да се надева дека другите ќе имаат трпение.

Таа многу се трудеше да се засака себеси и да верува во доброто во себеси... но, понекогаш тешко и е да верува во себе.

Единствено што и останува е да продолжи да се труди и да продолжи да верува дека најдоброто допрва доаѓа.