Таа не е студена, туку само го чува своето срце

Постојат жени кои оставаат впечаток дека се студени како мраз. Но, тие имаат огромно срце кое било повредено милион пати. Тие се топли, нежни, страствени жени кои знаат многу да сакаат.

Оваа жена има изградено огромни ѕидови околу своето срце. Таа сака само да биде разбрана и сакана, но и да го даде своето срце без тоа да биде искористено. Не  и е потребно многу. Не повеќе од ова.

Оваа жена често изгледа студено и недостапно за другите. Но, таа чувствува многу. Во себе има експлозија од чувства и страст, таа сака силно, и затоа треба да се биде трпелив со нејзиното срце. Таа не игра игри, туку е дирекна и искрена. Но, таа и не трпи лаги и измачувања.

Оваа жена дава шанси и дава можности, но штом гледа дека повторно некој сака да го искористи нејзиното кревко срце и добар карактер, таа си оди. Не се врти назад. Таа тешко верува некому, бидејќи била излажана милион паит. Таа е одличен слушател и сака да даде се во љубовта, но не се обидувај да ја излажеш и повредиш.

Таа ќе прости еднаш, ќе прости два пати, а потоа веќе нема ни да те погледне. И, уште поголем ѕид ќе изгради околу своето срце за да не може да биде допрено.

Оваа жена не дава шанса секому. Иако често греши, таа сака со целото срце. Нејзиното срце е на вистинско место. Не се обидувај да го искористиш тоа.