Таа е силна затоа што успеала да ја преживее суровоста на животот!

Таа има силна волја, таа е жена полна со страст и ништо не ја допира. Таа чекори низ животот и со леснотија ги надминува сите проблеми. Скршени срца. Дисфункционални и пропаднати врски. Грешки. Разочарувања.

Сепак, ја гледаш како со насмевка зборува за тоа како ѝ поминал денот, како ништо лошо да не ѝ се случило. Таа е жена која инстантно те разведрува со својата насмевка. Таа е девојка која шири љубов околу себе. Таа го носи светот на своите рамена, а сепак делува како да нема ниту една грижа на светот.

Луѓето ја гледаат и мислат дека таа има сѐ. Мислат дека животот ѝ е среден. Мислат дека таа е силна и успешна. Но, тие не знаат дека тоа е она што таа решава да го сподели со светот.

Да, однадвор изгледа дека таа има цврсто срце и „јас можам сѐ“ пристап кон животот, но тоа е нешто што таа одлучила да му го покаже на светот, тоа е дел од неа кој таа решила дека треба да биде достапен до сите.

Таа делува дека не може да биде скршена, но само таа знае што се случува во нејзиното срце. Но, никој не ја гледа болката што таа ја чувствува во своето срце.

Тие ја гледаат само преку ден, кога е дотерана и средена, со таа нејзина насмевка, кога има енергија за да стави маска, но никој не ја гледа навечер, кога по напорниот ден легнува во кревет и кога нејзините комшари ѝ се појавуваат пред очи. Затоа што таа никогаш нема да дозволи некој друг да ја види нејзината ранливост.

Таа секогаш ќе биде покрај тебе за да те расположи, но секогаш кога ќе почувствува тага, таа ќе ја проголта болката и ќе ги пушти солзите да течат само кога ќе биде сама, помеѓу четири ѕида.

Секогаш кога животот ѝ задава удари и кога е на раб да се скрши, таа сама се справува со тоа. Таа страда во тишина. Таа се плаши да ги открие своите маани и стравови пред овој ужасен и зол свет. Таа се плаши да ја разголи својата душа и да се открие пред светот.

Луѓето ја опишуваат како најгласната и највеселата девојка на светот, девојката со најпозитивна енергија на светот. Таа е девојката со сите решенија. Сите доаѓаат кај неа кога им е потребен совет. Таа секогаш знае што треба да направи и кои совети да ги даде. Тие очекуваат таа секогаш да е прибрана и смирена. Тие мислат дека никој и ништо не може да ја скрши.

И така, таа ги теши сите, таа им дава совети на сите, иако длабоко во себе и доаѓа да вика и да плаче на цел глас. Но, продолжува да ги слуша сите, да ги разбира, да им помага. И во моментот кога ќе дојде дома, кога ќе остане сама, сите нејзини несигурности и стравови почнуваат да ја мачат. Иако сака да биде сама, таа не ги сака тие меланхолични, полноќни часови. Затоа што тогаш сѐ излегува на површина.

Иако нејзиниот оклоп делува неуништлив, нејзините внатрешни чувства сѐ оние кои ја уништуваат одвнатре. Нејзините несигурности ѝ ја уништуваат самодовербата, нејзините стравови ѝ ја уништуваат надежта дека ќе пронајде среќа, нејзините мисли прават да се чувствува безвредно.