Свинска маст против стрии

Стриите се најнесаканиот дел во физичкиот изглед на трудниците. Реткост е да не се појават особено во последното тромесечие, но оние кои спас побарале во свинската маст се покажале како победници во битката со стриите во бременоста.

За да ги превенирате секоја вечер свинската маст треба да ја нанесувате на критичните места. Вистина е дека мириса „тешко“, ама за добар резултат упорноста е преоритет.

Важно услов пред да започнете со третманот со свинска маст е да бидете сигурни дека е домашна. Ако имате можност, препорачливо е да ја подготвите сами, а еве како.

Потребна ви е сурова сланина – околу 1 ½ килограм. Се сече на коцки со големина околу 1 – 1,5 см. Не е проблем ако по неа има месо. Коцките се ставаат во длабок сад и се загреваат на слаба температура со постојано мешање.

Околу 10 минути се потребни за сланината да започне да се  топи. Не треба да заборавате да мешате на секоја минута.

Потребното време за подготовка е околу 40 минути. За овој период околу половина од неа ќе се стопи и ќе се претвори во маст.

Откако ќе ја симнете од огнот, маста се цеди низ ситно сито, покриено со газа.Тенџерето се враќа на огнот, додека не се стопи и остатокот кој подоцна исто така се цеди.

Така подготвената маст се излева во чисти и суви тегли и се затвора цврсто. Оставете да се олади на собна температура, по што се чува во фрижидер или на темно и ладно место.