Свадбите денеска губат смисла, но огромна невестинска торта и светла во боја мора да има

Традицијата за сбадба постоела многу одамна. Некогаш свадбите се правеле со денови, со многу луѓе, со многу обичаи и традиции. Денеска свадбите се многу поразлични.

Многу млади парови денеска и се одлучуваат да не прават никаква свадбена веселба, туку само да прослават со потесниот круг на семејство и на пријатели. Има и такви кои прават големи свадби, со голем дел од обичаите, класична македонска свадба.

Во последно време многу млади парови почнаа меѓусебно да се натпреваруваат кој ќе има поразлична свадба. Обичните покани ги избегнуваат, сега се актуелно покани во шишенце со ракија. Необична музика, необично место, необична атмосфера. Младите сепак уживаат во својот ден и се забавуваат.

Никогаш не се изоставува огромната невестинска торта која мора да биде украсена. Декорација на просторот каде што се прави свадбата, во розова, плава, или црвена боја, најчесто. За некои тоа е прекрасно, за некои кич. Мислењата и тука се поделени.

Елеганти тоалети, преовладуваат. И тука за некои мода, за некои кич. Кумата и старосватицата секогаш најдотерани. И бабата и свекрвата исто, често сакајќи да изгледаат најдотерани, знаат да направат катастрофална модна грешка. Огромни фризури и еден куп шминка на себе. И секако, за едно убаво, за едни кич.

Мислењата околу свадбите се секогаш поделени. Ако за едни нешто е убаво, за други е досадно и кич.