Суровата вистина за денешниот живот која повеќето не сакаат да ја прифатат!

Велиме дека не знаеме или дека не можеме да сакаме и веднаш се залепуваме за личности кои се неспособни за љубов како и ние и ние навистина стануваме зависни од таа отровна љубов. Не можеме да разбереме дека љубовта е човечка: ја воздигнуваме на божествено ниво, барајќи невозможни совршенства. Не прифаќаме дека врските се динамични и подложни на промени.

Плачеме бидејќи светот е таков каков што е, а не онаков каков што ние сакаме да биде или подобро кажано, сакаме се да запре и ништо и никој да не се промени. Не знаеме ни да примаме, ниту да даваме. Живееме затворени во кругови на незадволство кои е невозможно да ги дефинираме и ако сретнеме некој кој не сака, не знаеме да ја одржиме таа врска, сакаме во истиот момент да биде совршена, не признавајќи дека синхронизираните парови се создаваат со макотрпна работа и дека чувствата, доколку не се проследени со разбирање на другиот, лесно можат да исчезнат.

Ние сме жртви на сопствените нагони, не верувајќи дека можеме да ги усмериме од сопствено уништување кон подобар живот. Не сакаме да знаеме ништо подлабоко за нас, за тоа кои сме и како функционираме.

Сакаме да не забавуваат, но површно: се плашиме од се што може да го открие нашето длабоко незадоволство. Се почесто сме нестабилни, неспособно да исполниме каква било одговорност. Често, иако срцето ни е затворено, од страв од осаменост измислуваме чувство на заљубеност која подоцна не заробува во врска која не гуши.

Немоќни и бескорисни, немаме цели, немаме планови, немаме волја, правиме работи кои не ни се допаѓаат.

Без сила да се соочиме со борбата, се препуштаме на неконтролираната плима на тагата, чувствуваме желба да умреме и преживуваме преку трикови: ги поттиснуваме жебите со тоа што ги игнорираме.

Се идентификуваме со групи и во нив ја гушиме сопствената личност.

Она што го поттиснуваме во внатрешноста, го изнесуваме надвор: она што сме, а не сакаме да бидеме го префрламе на другите.

Ги маскираме негативните мисли со тоа што преку секоја мера ги преувеличуваме позитивните, иако знаеме дека сме несреќни, сепак се прикажуваме како задоволни. Иако немаме желба за тоа, сепак се обврзуваме да одржуваме сексуални односи.

Бегаме од она во кое веруваме дека е наш здрав разум, објаснуваме се со интелигенција негирајќи си пристап кон несвесното: „Соништата се само соништа.“, „Во суштина, тоа не е она што го сакав“, „Сеедно ми е, не вреди за трудот“ и слично.

Се почесто се однесуваме како деца, барајќи некој кој ќе ни постави граници и кој ќе ни го организира животот.

Ја презираме слабоста кај другите и како вампири им ја пиеме енергијата на оние кои ни помагаат.  Нужно ни е општественото признавање: Мораме да се чувствуваме важни по секоја цена, тежиме кон награди, облека која ни е стои добро, нашето име да биде асоцијација за успех, но истовремено сакаме слобода, сакаме да се изолираме, да се затвориме во ограничена умствена територија.

Патиме што не можеме да го достигнеме совршенството, се оперираме за да промениме телесни маани, веруваме дека се што правиме е осудено на пропаст, дека ниту една количина пари не може да ни биде доволно, дека никој не ја препознава нашата вистинска вредност или дека сме нефлексибилни во одржување на вредностите.

Скржавоста, ригидноста и тврдоглавоста ни верни другарки, ништо не ризикуваме од страв да не излеземе смешни или да не нѐ критикуваат, не создаваме сопствени дела затоа што знаеме дека на крајот секако нема да бидеме задоволни.

Чувствуваме дека не следат, дека сакаат да не изневерат, дека сите се сомнителни и дека околу нас има нелојални луѓе кои сакаат да ги користат нашите зборови против нас. Никогаш нема да заборавиме, ниту да простиме нешто лошо, ќе ги понижуваме и ќе ги уништуваме како што и тие сакаат да не уништат и понижат.

Ништо не нѐ задоволува, не поднесуваме да имаме интимни пријатели освен ако тоа не се нашите родители, не мислиме дека има нешто погрешно во лажењето, не нѐ интересира туѓата сигурност, имаме чудни ставови, празноверни сме или нашата перцепција е необична, слушаме гласови, нашето сопствено тело се врти против нас. Никој не ја заслужува нашата љубов повеќе, ги преувеличуваме нашите капацитети, очекуваме да ни признаат дека сме супериорни битија, нужно ни е да победуваме, само луѓето на нашето ниво можат да не разберат, ги презираме останатите, но им завидуваме на оние кои ќе постигнат нешто, а тие од своја страна се љубоморни на нас.

Потполно сме зависни, не можеме да одлучуваме, не можеме да го изнесеме нашето несогласување или критика, не можеме да имаме планови, затоа што никој нема доверба во нашите доблести, ни се случува да правиме непријатни работи, не напуштиле, неспособни сме да се грижиме сами за себе, очајнички бараме партнер сомневајќи се дека некогаш ќе го пронајдеме...

Го изгубивме идентитетот, не знаеме што сме, претерано се препуштаме, се самоповредуваме, се убиваме меѓусебно. Се чувствуваме сигурно само кога ќе ја прекриеме кожата со тетоважи или кога ќе го прободеме месото со метални украси.

Се препуштаме на поплавата од емоции, тешко ни е да ги контролираме нападите на бес или нашата вербална или телесна агресивност, правиме се што можеме за да бидеме во центарот на вниманието, усвојуваме тоналитет на гласот, зборови и заводливи потези.

ЕГОИСТИ, земаме кога чувствуваме потреба за тоа и оставаме кога се чувствуваме сити.