„Супер Скопје“: Одличен втор викенд, следниот ќе настапат Каролина, Тамара, Игор Џамбазов (фото)

Со настапот на повеќе изведувачи на просторот пред црквата „Свети Спас“, заврши и вториот викенд од големата летна забава „Супер Скопје“.

Вчеравечер (26.08.2017 година, сабота) голем број на посетители уживаа во настапите на Офкестра (Offcestra), Фанки Гуру (Funky Guru), Енерџи бенд (Energi bend) и Фиц (Студени нозе).

Претходно, во петокот на плоштадот „Скендер бег“ скопјани можеа да ги проследат настапите на Трикс (Trix), Гоца Тржан, Цена (Cena) и Гоце САФ.

Со ова, заврши и вториот викенд од „Супер Скопје“, а наредниот викенд забавата се префрла на улицата „Македонија“, каде:

На 1 септември (петок) ќе настапат Ди Џеј Дела (DJ Dela), Ај Кју (Eye Cue) и Каролина Гочева

На 2 септември (сабота) ќе настапат, Тамара Тодевска и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе