Студентите од утре пак бесплатно во градските автобуси

Студентите од утре повторно ќе можат бесплатно да се возат со автобусите од јавниот превоз во Скопје, а од ЈСП „Скопје“ соопштија дека од утре продолжуваат да важат бесплатните годишни студентски билети за користење на јавниот превоз.

Басплатниот автобуски превоз за пензионерите, средношколците и студентите се уште е во мирување, откако беше укинат на 11 март заради заштита од ширење на коронавирусот. Од денеска, автобусите на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозници возат од 5 до 19 часот, а не двосменски од 5 до 9 и од 13 до 19 часот како што сообраќаа од 9 април.