Студентите ќе добијат субвенционирани оброци, автобуски карти, карти за театар

Владата на Република Македонија двчера, на 49-та седница, ја разгледа и усвои информацијата за воведување на проект

„Субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби“, и го задолжи Министерство за образование и наука да изготви предлог законски и подзаконски акти за имплементација на проектот, најдоцна до 31.05.2018 година, во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација; Министерство за труд и социјална политика; Министерство за финансии; Министерство за економија, Генерален секретаријат и Кабинет на министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни компании проф. д-р Зоран Шапуриќ.

Проектот „Субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби” предвидува можност за субвенционирање на потребите на студент по негов избор, и тоа: оброк, автобуска карта, карта за во театар, книга и други услуги, во текот на денот, а плаќањето ќе се врши преку мобилен телефон или дигитална студентска картичка.