Студено време со локален дожд - еве какво време не очекува викендов

Времето во земјава во утринските часови ќе биде студено, а преку денот променливо облачно, во јужните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус 6 до 1, а дневната од  5 до 13 степени.

Во Скопје изутрина студено, а во текот на денот променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 4, а дневната ќе достигне до 14 степени.

Во сабота ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе се задржат до недела претпладне. За време на викендот ќе дува умерен до засилен североисточен ветер. Од понеделник следува период на сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во значителен пораст.