Струен удар и тешки повреди - турски државјанин заврши на скопските Клиники

Вчера наутро околу 9 часот од Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во СВР-Скопје било пријавено дека кај нив со возило на Итна медицинска помош бил донесен турскиот државјанин, 39-годишниот Х.Ј. со привремен престој во Р.Македонија.

Имено, додека Х.J. извршувал работи во зграда во општина Аеродром, од настанат струен удар се здобил со тешка телесна повреда (изгореници од трет степен во пределот на главата). 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје, а за настанот запознат бил и Државниот инспекторат за труд.