Страшната моќ на празните, груби и лути зборови!

За да имаме добри меѓусебни односи, мораме да внимаваме на својот говор.
Говорот е превод на нашите мисли, нашите вибрации во зборовите.
Каков е нашиот говор во денешно време? Многу малку внимание обрнуваме на тонот со кој зборуваме и на зборовите кои ги изговараме. Користејќи прости и лоши зборови некако како да заборавивме на племенитото и добро зборување. Но, тоа не е само доказ за нашето незнаење и деградација на свеста. Зарем не забележувате дека кога изговараме лоши и прости зборови, среќата и мирот во нас не се шират? Во таква ситуација се случува сосема спротивното. На тој начин ѝ даваме можност на негативната енергија да исплива на површина, па потоа се прашуваме зошто толку често пиеме апчиња за главоболка.

Меѓутоа, постои нераскинлива врска меѓу умот и говорот. Ако умот е здрав, зборувањето е достојно. Здравиот ум секогаш е позитивен. Имајќи таков ум, ние не говориме за туѓите маани, не критикуваме, не кукаме и не се жалиме на судбината. Кога тонот е мирен и дружељубив, секој со задоволство сака да се дружи со личност која говори со таков тон, додека лутото говорење е знак за слабоста на душата.

Според статистиката, 90% од кавгите се случуваат поради тоа што зборуваме нешто лошо за некого. Ние треба да научиме да зборуме на пријатен, племенит начин и да го контролираме својот говор. Во некои култури, личноста која не знае да го контролира своето зборување се смета за примитивна личност. Одамна е утврдено тоа дека ние ги стекнуваме квалитетите на личноста на која мислиме и за која зборуваме, па затоа, кога зборуваме лошо за некого, ние само ги рефлектираме негативните карактеристики кои самите ги носиме во себе.

Кога некого фалиме, ги одразуваме неговите добри квалитети. Според тоа, размислувајќи за Бога и зборувајќи за Него е најлесниот начин за стекнување божествени карактеристики.

Обрнете внимание на тоа дека колку повеќе себичност, злоба и завист има во нас, толку потешко ни станува да зборуваме убаво за него. Колку е погруб нашиот говор, толку е помала нашата хармонија и толку потешко ги примаме животните лекции.

Една од причините поради кои денес брзо се заморуваме и малку правиме е фактот дека многу зборуваме. Треба малку да зборуваме и тоа што го кажуваме да го кажеме мирно, трпеливо и племенито. На тој начин ќе заштедиме време и енергија.

Важно е да научиме и да го проверуваме својот говор. Ако некого сте навредиле, не велете само: „Онака го кажав тоа, немав намера да те навредам“. Таквиот јазик треба да се промени. Во зборовите треба да има суштина – таквите зборови имаат сила.

Еднаш сретнав еден познаник чиј изглед беше многу променет и без размислувања му реков: „Ау колку си ослабел, за малку немаше да те препознаам.“ Тивко рече: „Јас сум на диета.“ Потоа малку зборувавме и секој си продолжи по својот пат. Дури откако се разделивме ја увидов мојата нетактичност, затоа што којзнае која била причината за неговата промена и моите зборови можеби го повредиле.

Почнав да се оправдувам самата себе: „Можеби не му било ништо, можеби сакал да ослабе, денес многумина внимаваат на својот изгледат, следат различни диети.“ Но, тогаш цврсто одлучив: Никогаш нема да коментирам такви работи. Мудроста нѐ учи да размислуваме пред да кажеме нешто.

Зборовите имаат значење ако се полни со сочувство и љубов кон другите и доколку изговарате „горки“ зборови, срцето со сигурност ќе ги прифати. Таквите зборови нема да ви се чинат горки, туку вистинити.

Кога користиме остри зборови, острината се покажува и на нашето лице. Тогаш другите ја забележуваат нашата горделивост и тогаш луѓето ќе се почувствуваат навредено, но кога и „горките“ зборови ги кажуваме со љубов, тоа чувство ќе се промени и луѓето ќе го почувствуваат нашето сочувство.

За сѐ треба да се зборува, но со љубов. Без оглед на зборовите кои ги користи мајката, поради нејзината љубов тие не се гледаат како остри и горки. Децата чувствуваат: Мама нѐ сака, таа ни мисли само најдобро. На истиот начин, без оглед на тоа што го кажуваме, нашите зборови нема да ги повредат другите доколку тоа го правиме со сочувство.