Страшна сообраќајка во Сингелиќ, тешко повредени малолетници

Двајца малолетници на возраст од 13 и 15 години се тешко повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 15 минути пред полноќ се случила на улицата „Алија Авдовиќ“ во Сингелиќ.

Во несреќата според полициските информации учествувале мотор и автомобил „Голф“ кој го управувал 38 годишниот О.С. од Сингелиќ.

Петнаесет годишниот возач на моторот со скршеници на левата нога и десната рака и 13 годишниот сопатник со тешки повреди на главата итно биле пренесени во Ургентниот центар каде им е укажана лекарска помош.

На местото на несреќата извршен е полициски увид и се преземаат мерки за нејзино целосно расчистување.