Столе Стоилов ја напушти манифестацијата „Спортист на годината“

Минатогодишниот најдобар спортист на годината, ракометарот Столе Стоилов ја напушти манифестацијата „Спортист на годината“ која вечерва се одржуваше во хотелот „Александар Палас“ во организација на Агенцијата за млади и спорт. 

„Се чувствувам засрамено и понижено“ – се пожалил искусниот ракометар во вибер-групата на репрезентативците, кои се сместени во хотелот во кој се одржуваше манифестацијата . Неофицијално, оваа реакција се однесува на тоа што за прв пат годинава, оваа манифестација беше двојазична, односно беше организиран и превод на албански јазик.

Оваа година, титулата најдобар спортист на годината им припадна на Каратистот Емил Павлов и ракометарката Сара Ристовска се најдобри спортисти на Македонија