Стартува изградбата на нова детска градинка во Бардовци

Денеска, со почеток во 12.00 часот во училишниот двор на ООУ „Аврам Писевски“ во скопската населба Бардовци стартува изградбата на новата детска градинка.

На официјалниот почеток со градба ќе присуствува градоначалникот на општината, Стевчо Јакимовски.

Бардовци се наоѓа во северниот дел на Скопската котлина во подножјето на Зајчев Рид од левата страна на реката Лепенец. Од центарот на Скопје е оддалечено 11 километри.