Стартува есенската WOW распродажба со попусти до 80% во Веро центар

Почнува најголемата есенска распродажба во продавниците во Веро центар во Скопје со неверојатни попусти до 80%. Речиси сите продавници во Веро центар, вклучувајќи го и Веро маркетот, од 6 до 10 ноември (од среда до недела) на потрошувачите ќе им понудат производи со WOW цени многу пониски од редовните.

Сезонската распродажба во Веро центар ќе се одвива во речиси сите продавници лоцирани во шопинг-молот, меѓу кои се и продавниците „Крш бебе“, „Картерс“, „Спорт ријалити“, „Топ шоп, „Сара фешн“, дрогериите dm, „Ипанема“, „Би воч“, „Васидора“, книжарницата „Литература.мк“, слаткарницата „О ла ла“, аптеката „Еурофарм“, спортската продавница „Спорт М“, парфимеријата „Еликсир“, „Мис спајс“, „Ла сој“ и многу други. WOW попустите ќе важат и во локалите во делот за храна во Веро центар како што се „Гудис“, „Фул плејт“, „Пица плејс“ и др., а намалени цени ќе има и во местото за забава „Киносенс“ на вториот кат од Веро центар.

Додека трае големата есенска распродажба и потрошувачите во Веро маркетот ги очекуваат екстра намалени цени до 80% на различни категории производи. Како дел од WOW распродажбата, Веро маркетот ќе нуди специјални акции, промоции и неверојатни намалувања.

- Големата WOW распродажба ја организираме по четврти пат бидејќи искуството од минатите години е многу позитивно. Потрошувачите со нетрпение ги очекуваат ваквите распродажби кои веќе станаа традиционален, препознатлив настан за Веро центар и на кои може да најдат одлични производи од најразличен асортиман по неверојатно ниски цени. Дополнителен плус е што големи попусти нудат и останатите локали во Веро центар кои се во делот за храна и за забава, така што потрошувачите добиваат комплетно, незаборавно шопинг-искуство за целото семејство – вели Љубица Короскоска, маркетинг директор на компанијата „Веропулос“.        

Менаџерскиот тим на Веро центар најавува организирање на слични акциски распродажби и во следниот период, кои на посетителите во Веро центар ќе им понудат поинакво шопинг искуство. Акцентот на овие настани, освен на понудата на најдобри цени, е ставен и на различни изненадувања наменети за сите членови на семејството.