Старите заминуваат: Поставени нови директори на три скопски јавни претпријатија

Поставени се нови директори во три јавни претпријатија кои се под надлежност на Град Скопје, потврдуваат од таму. Како што претходно пишување Скопје Инфо на местото на Игор Јанушев во Јавното сообраќајно претпријатие е поставен Кристијан Чушков, а на местото на Александар Атанасов во ЈП Водовод и канализација е поставен Душко Весковски.

Промена има и во ЈП Улици и патишта. На директорското место во ова претпријатие ќе седне Сенад Смаиловиќ.

Сите нови директори се кадри на СДСМ. Весковски е претседател на општинскиот комитет на СДСМ во Карпош, а по локалните избори стана претседател на Советот на општина Карпош. Во ЈСП ќе наследи нов систем за наплата на билети кој предизвика незадоволство кај граѓаните, иницијален план за гасификација на автобусите и допола реализиран проект за изградба на панорамско тркало, кој новата градска управа планира да го стопира.

Чушков беше дел од изборниот штаб на новиот градоначалник на Скопје.

Се уште не е познато кој ќе седне на директорските места во другите јавни претпријатија под надлежност на Градот.