Старите автобуси повторно низ скопските улици (фото)

Старите и дотраени автобуси кои што ги превезувале скопјани пред 20 па и повеќе години, повторно се на скопските улици.Утринава, втор ден по ред, на линијата 57 Јавното сообраќајно претпријатие ги пушти во употреба старите црвени автобуси.

Линијата сообраќа на реалција од Нерези до Радишани, а граѓаните се пожалија и на лоша миризба за време на патувањето, како и дека премрзнале додека стигнале на работа.

Вчера Скопје повторно беше градот со најзагаден воздух на планетата Земја. Во последните петнаесетина дена,  во конкуренција на над 4.500 градови, Скопје два пати ја освои непопуларната смртоносна титула – најзагаден град на светот.

cheap nike free run 5.0