Средните училишта да не наплаќаат закупнина на правните субјекти кои користат простор

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, денеска дал насоки до директорите на средните училишта, за времетраењето на вонредната состојба, училиштата да не наплаќаат закупнина на сите правни субјекти кои користат простор во училиштата.

Како што информираше Шилегов, тоа ги опфаќа сите дејности, од изнајмување на спортските сали, сендвичари, училници и сл.

-Да ја поомогнеме локалната бизнис заедница-напиша Шилегов на својата фејсбук страница.