Спуштањето на крстот во водите на Вардар ќе почне во 12 часот од мостот кај хотелот „Холидеј ин“

Спуштањето на крстот во водите на Вардар на 19 јануари ќе почне во 12 часот од мостот кај хотелот „Холидеј ин“ и ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан.

Претходно, во 9 часот, архиепископот г.г. Стефан ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а потоа богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде што ќе се одржи традиционалната верска манифестација.