Вчеравечер на социјалните медиуми се одржа он лајн гласање поделно во четири круга за овогодишните евровизиски фаворити. Според гласањето на фановите Македонија се најде во топ 3 земјите, пишува специјализираниот веб сајт escuniverse.com. На првото место е Италија, а втора Белгија.
Во првата рунда од натпреварувањето учествуваа полуфиналистите: Азербејџан, Белгија, Шведска, Данска, Македонија, Романија, Бугарија, Израел и Швајцарија. Во вториот круг се натпреваруваа најдобрите пет земји од првиот круг, вклучувајќи ја и земјата домаќин. Во тратата рунда понатаму се квалификуваа Белгија, Латвија, Македонија, Бугарија, Италија и Франција. Во следната рунда продолжија Белгија, Македонија и Италија.
Финалното гласање траеше 30 минути и во него македонската преставничка се пласираше трета. Италија беше прва, а Белгија втора.
Според коментарите на веб страната која го организираше ова он лајн гласање, веќе на 55 дена до големата евровизиска ноќ се чини дека познат е победникот, а тоа е Италија. Според ова Македонија треба да има висок пласман, односно освоено трето место.