Спиритуални тајни и исцелувачки моќи на мачките: Мачките доаѓаат во вашиот живот со причина!

Повеќето луѓе мислат дека мачките не прават ништо, дека се мрзливи и дека само јадат и спијат. Но, тоа не е така! Дали сте знаеле дека мачките имаат посебно место и улога во вашиот живот? Дали некогаш сте се запрашале зошто толку многу луѓе денес имаат мачки?

Еве една непозната информација за тајниот живот на мачките:

Сите мачки можат да ја избришат акумулираната негативна енергија од вашето тело. Додека спиете, тие ја апсорбираат од вашето тело. Ако има семејството има повеќе членови, а само една мачка, таа може да се преоптовари со негативноста која ја собира од енергиите на толку многу луѓе.

Кога спие, телото на мачката ја ослободува негативноста која ја собрала од вас. Ако постојано сте под стрес, таа можеби немала доволно време да се ослободи од оваа негативна енергија, па така таа ја потхранува исто како масти. Поради тоа може да почне да пати од прекумерна тежина, а вие ќе мислите дека тоа е така поради тоа што премногу јаде. Добро е да имате повеќе од една мачка во домаќинството за товарот да може да биде поделен.

Тие ве чуваат такашто никакви непосакувани духови не можат да влезат во собата додека спиете. Затоа и сакаат да спијат на вашиот кревет. Ако мислат дека сте добро, тие нема да спијат со вас во кревет. Ако нешто чудно се случува, тие ќе скокнат кај вас во кревет.

Ако некоја личност дојде кај вас дома и мачката почувствува дека сте во опасност поради тоа што таа личност би можела да ѝ наштети на вашата аура, таа постојано ќе биде покрај вас за да ве заштити. Кога мојата мачка почна да го прави тоа, не можев да ја сфатам причината.

Тогаш ми е речено дека таа ме штити со канализирање на таа енергија. Сега повеќе обрнувам внимание на однесувањето на мојата мачка кога некој ќе ми дојде дома. Ако дојде до личноста и сака да се гали, знам дека можам да се опуштам.

Време е за наплата на долгови

Ако немате мачка и одеднаш на вашиот праг се појави залутано маче, тоа е затоа што таа ви е потребна баш во тоа време. Таа се појавила за да ви помогне. Заблагодарете ѝ се на мачката што го одбрала вашето домаќинство. Ако имате други мачки и не можете да го земете залутаното маче, пронајдете ѝ дом. Мачката дошла на вашиот праг со одредена причина, која можеби во моментот не можете да ја откриете. Понекогаш постои кармички долг кој мора да се врати, такашто немојте да ја отфрлите така бргу. На овој или оној начин, таа ќе мора да ја исполни својата обврска.

Мачките ве исцелуваат

Во дамнешните времиња, исцелитетите користеле кристали. Кога исцелувачите оделе во оддалечени села, не можеле да ги користат своите кристали затоа што луѓето биле многу сомничави кон нив и помислиле дека користат црна магија. И поради тоа, тие со себе носеле мачка бидејќи ја вршела истата функција како и кристалите. Луѓето не се плашеле од мачките и им дозволувале да влезат во нивните куќи. Мачката често имала улога во уметноста на исцелувањето.