Спиеш ли мирно Фонд за иновации и технолошки развој?

Во една од населбите во општината Ѓорче Петров се појави чуден, до сега невиден, сообраќаен знак кој подолго време известува за опасност на патот. 

Доколку го посетите местото ќе видите дека станува збор за огромна дупка која од ден на ден се повеќе се зголемува и во ширина и во длабочина. Очигледно е дека некој работел нешто на оваа улица, копал па тампонирал, но како тоа го направил и колку квалитетно се гледа по неколкуте врнежливи денови.

Земјата и тампонот потонува надолу а дупката се заканува и на пешаците и на возачите на автомобили. Ако се земе предвид дека навечер улично осветлување речиси и да нема тогаш јасно е зошто е поставен овој „иновативен знак“ - подобро е да се удрите во него отколку да паднете во дупката.